Showing posts with label Инфо. Show all posts
Showing posts with label Инфо. Show all posts

Meatwater:Оброк во шише

2380712730_058f99ff8a_oАко веќе пиете вода, зошто тоа да не биде вода со вкус на месо? Meatwater e органски пијалак на база на протeини, кој покрај тоа што ќе ви ги „наполни батериите“, ви овозможува да уживате во балансиран оброк со вкус на вашето омилено парче месо: вода со телешко, вода со вкус на чизбургер, вода со вкус на хот-дог, вода со вкус на риба и чипс, вода со вкус на колбас, како и вода со вкус на скара! [dinnerinabottle.com]

ЈАПОНИЈА:И мобилните почнаа да мирисаат



Јапонците подготвиле мобилна услуга со која, по барање на корисникот, преку мобилен телефон ќе може да се доставува саканиот мирис. Услугата наречена „мобајл фрагранс комјуникејшн“ ја овозможува јапонскиот телекомуникациски оператор „НТТ комјуникејшнс“, а десетдневниот пробен период почнува на 10 април. Како тестери на новата функција биле избрани 20 среќни мажи и жени, кои во пакет добиле мобилни телефони и соодветниот уред, кој во комбинација со мобилната направа, по барање го испорачува саканиот мирис. Но, за да не остане се само на мирисот (Јапонците услугата за испорачување на мирисот ја вовеле уште во 2005 година преку некои домашни кина), ќе се испорачуваат и одредени аудиозаписи и видеозаписи.

Tetovocity.com


http://tetovocity.com/Oва е еден од првите Тетовски сајтови на кој можете да прочитате се за ТЕТОВО да видите слики од градот и што уште не ......
Тетовчани со задоволство ве поканувам на овој преубав сајт http://tetovocity.com/

таму ке наидете и на форум посветен единствено на градот ТЕТОВО

K15 И МРТ си го раскинаа договорот

Цацко Конопишки, Миле Паника и Тошо Малерот не се повеќе дел од програмската шема на Македонската телевизија
ЗОШТО?
Бидејќи МТВ не им ги исполнувала условите кој требале да ги имаат.
Не плаќаат, а ние имаме трошоци и работиме нерентабилно. Уште пред да ја официјализираме соработктата, во договорот имаше клаузула која дозволува спогодбено раскинување.Вели БУБО КАРОВ

Кога се пресеелија во МТВ и биле ветени сума
од фантастични 2,5 милиони евра кои на Бубо, Бранко и Васко требаше да им се исплатат во период од четири години доколку се реализира планот за прилив на реклами. Тогаш, наводно имало доста реакции од вработените во телевизијата на кои платата им доцни со месеци.

- Не е точно дека се работи за толку многу пари- кратко искоментира Каров кој потенцира дека примарната цел е делумно исполнета, односно дека гледаноста на МТВ е зголемена.


Го побаравме за изјава и Леонид Наков, претседателот на Управниот одбор на МРТ, телото од каде што произлегла иницијативата за преиспитување на договорот со „К- 15“. Со образложение дека постапката е се уште во тек, тој не сакаше да открие детали. Го прашавме и дали првичниот договор „тежел“ 800.000 евра, но со образложение дека станува збор за деловна тајна, Наков одби и за ова да коментира.

Идните планови на продукцијата „К-15“ се новиот циклус со популарните скечеви да продолжи пред почетокот на летото. По неофицијалните најави дека триото планира да отвори сопствена телевизиска куќа, Бубо Каров ни потврди дека станува збор за сателитски канал. Пред година и половина „К- 15“ имаа соработка со ТАРБС, провајдер за сателитска програма од Македонија за Австралија. Борис Ставров, претходниот извршен директор на МРТВ, кој неодамна си поднесе оставка од функцијата, речиси во исто време кога си заминаа и „К- 15“, беше член на Управниот одбор на ТАРБС.

Во меѓувреме, една од халите на фабриката „Алумина“ се преадаптира за потребите на фирмата на Каров, Огњановски и Тодоров, а на површина од над 600 метри квадратни се гради специјално студио и деловни простории.
Од к15 исто така најавуваат дека некаде поред летотво ке има ново продолжение на нивнота хумористична емисија но сеуште не се знае на која телевизија.

Формула еден од ќибритчиња

Мајк Арнд во рок од шест години и од скоро еден милион ќибритчиња и 1.686 туби лепило направил тркачки болид во природна големина и тоа - на расклопување.

Дрвениот автомобил е дело на Германецот Мајкл Арнд, инаку обожавател на Формула еден, за кое вредниот човек потрошил дури 956 илјади ќибритчиња.

Трошоците за изработка на ова возило (само ќибритчиња и лепило) изнесуваат 4.500 фунти. Формулата во природна големина тој ја составувал во својата кујна.

Прецизниот Арнд дури и го кршел секое врвче од ќибритчињата, така што автомобилот е само во една боја.

Неговото дело може да се расклопи на дури 45 делови со цел автомобилот да го однесе на собирот “градители со ќибритчиња“.

Сметка од 22 илјади долари за “симнување“ на серија?!

Една госпоѓа успеала на својот сопруг да му направи сметка од 22 илјади долари така што од интернет “симнала“ неколку епизоди од омилената серија “Пријатели“.

Симнувањето почнало во Велика Британија, но нагло било прекинато кога сопругот се качил во авион за Германија, каде, кога авионот слетал, “за среќа“ било продолжено - во роаминг.

Кога уморниот бизнисмен се вратил дома, наместо ручек со семејството го чекал повик од луѓето од Водафон, кои сакале да го известат за висината на неговата сметка.

Анџелина Џоли и Бред Пит скарани

Анџелина Џоли и Бред Пит скара Откако актерите Анџелина Џоли и Бред Пит се заедно првпат на насловните страници на светските списанија се појавија наслови за нивната жестока караница.

Се работи за караница поврзана со нивната венчавка. Џоли сака скромна венчавка во Франција, додека Пит инсистира на раскошна свадба во Њу Орлеанс.

Анџелина отсекогаш вели дека не сака да се венча пред стотици луѓе, а актерот се противи на тој предлог.

Караницата околу местото каде ќе се одржи свадбата била при крај на компромис пред Пит да спомне дека неговата мајка ќе ја организира венчавката и ќе се погрижи за сите детали.

Џоли се плаши дека во тој случај на венчавката ќе се појави поранешната жена на Бред, Џенифер Анистон, која со неговата мајка е се уште блиска, пишуваат светските списанија.

„Анџелина се вознемири толку многу што почна да плаче. Подоцна Бред се обиде да и објасни дека Анистон нема да се појави на свадбата. Тешко дека на Џоли може да и се објасни дека нема потреба да биде толку љубоморна“, пишува магазинот „Стар“.

Yahoo! масовно отпушта работници

Yahoo New York Times и The Wall Street Journal ја објавија вестта за тешкото работење на интернет иконата и масовните откази кои следат, повикувајќи се на извори на компанијата.

Точниот број на отпуштени работници од вкупно 14 илјади сеуште не е познат. Последната одлука наводно ќе биде објавена на 29 јануари за кога е закажан состанокот на извршниот одбор.

Ако Yahoo! отпушти неколку стотина вработени, како што се предвидува, тоа ќе биде најголемото отпуштање на таа компанија од 2001 година.

Состојбата во Yahoo за прв пат е објавена на блогот на Silicon Alley Inside кој се занимава со инвестиции во технологијата и медиумите. Во блогот е наведено дека Yahoo! има листа од 1500 до 2500 вработени кои би можеле да останат без работа. Сепак, новите извештаи говорат дека отказите нема да бидат во толкав број.

Овие случувања во Yahoo! се одразија и на цената на акциите кои на крајот од минатата недела изнесуваа 20.78 долари за акција.

Бил Гејтс заминува во пензија




Бил Гејтс

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот и претседател на програмерскиот гигант Микрософт, го одржа своето ветување пред неполни две години и со само 52 години заминува во пензија. Така Гејтс веројатно ќе стане најбогатиот пензионер на светот.

Тоа повлекување го повтори и на еден од најголемите и најпознатите светски саеми за електронска технологија Consumer Electronics Show (CES), кој оваа година од 7 до 10 јануари се одржува во Лас Вегас.
Во таа прилика Бил Гејтс изјави дека тоа е неговото последно обраќање на CES како главен софтверски проектант.

Водството на Микрософт ќе го превземе Стив Балмер, неговиот колега од студентските денови, додека задачите за обликување на програмската опрема ќе ја превземе техничкиот директор Реј Ози.

Гејтс после заминувањето во пензија позади себе ќе остави многу вредна оставштина, бидејќи освен тоа што Микрософт како компанија вработува повеќе од 78 илјади високо образовани луѓе и годишно остварува профит од повеќе од 500 милијарди долари, таа компанија нуди и програмска опрема со која се опремени милијарди компјутерски системи.

Во едно од своите последни интервјуа кое го даде пред пензионирање, Гејтс зборува за иднината на технологијата. “Во идните неколку години предвидувам дека размената на информациите ќе тече уште подобро и побрзо... Се наоѓаме на прегот од нова дигитална декада во која компјутерот ќе постане составен дел од секојдневниот живот“, рекол Гејтс.