K15 И МРТ си го раскинаа договорот

Цацко Конопишки, Миле Паника и Тошо Малерот не се повеќе дел од програмската шема на Македонската телевизија
ЗОШТО?
Бидејќи МТВ не им ги исполнувала условите кој требале да ги имаат.
Не плаќаат, а ние имаме трошоци и работиме нерентабилно. Уште пред да ја официјализираме соработктата, во договорот имаше клаузула која дозволува спогодбено раскинување.Вели БУБО КАРОВ

Кога се пресеелија во МТВ и биле ветени сума
од фантастични 2,5 милиони евра кои на Бубо, Бранко и Васко требаше да им се исплатат во период од четири години доколку се реализира планот за прилив на реклами. Тогаш, наводно имало доста реакции од вработените во телевизијата на кои платата им доцни со месеци.

- Не е точно дека се работи за толку многу пари- кратко искоментира Каров кој потенцира дека примарната цел е делумно исполнета, односно дека гледаноста на МТВ е зголемена.


Го побаравме за изјава и Леонид Наков, претседателот на Управниот одбор на МРТ, телото од каде што произлегла иницијативата за преиспитување на договорот со „К- 15“. Со образложение дека постапката е се уште во тек, тој не сакаше да открие детали. Го прашавме и дали првичниот договор „тежел“ 800.000 евра, но со образложение дека станува збор за деловна тајна, Наков одби и за ова да коментира.

Идните планови на продукцијата „К-15“ се новиот циклус со популарните скечеви да продолжи пред почетокот на летото. По неофицијалните најави дека триото планира да отвори сопствена телевизиска куќа, Бубо Каров ни потврди дека станува збор за сателитски канал. Пред година и половина „К- 15“ имаа соработка со ТАРБС, провајдер за сателитска програма од Македонија за Австралија. Борис Ставров, претходниот извршен директор на МРТВ, кој неодамна си поднесе оставка од функцијата, речиси во исто време кога си заминаа и „К- 15“, беше член на Управниот одбор на ТАРБС.

Во меѓувреме, една од халите на фабриката „Алумина“ се преадаптира за потребите на фирмата на Каров, Огњановски и Тодоров, а на површина од над 600 метри квадратни се гради специјално студио и деловни простории.
Од к15 исто така најавуваат дека некаде поред летотво ке има ново продолжение на нивнота хумористична емисија но сеуште не се знае на која телевизија.