Анџелина Џоли и Бред Пит скарани

Анџелина Џоли и Бред Пит скара Откако актерите Анџелина Џоли и Бред Пит се заедно првпат на насловните страници на светските списанија се појавија наслови за нивната жестока караница.

Се работи за караница поврзана со нивната венчавка. Џоли сака скромна венчавка во Франција, додека Пит инсистира на раскошна свадба во Њу Орлеанс.

Анџелина отсекогаш вели дека не сака да се венча пред стотици луѓе, а актерот се противи на тој предлог.

Караницата околу местото каде ќе се одржи свадбата била при крај на компромис пред Пит да спомне дека неговата мајка ќе ја организира венчавката и ќе се погрижи за сите детали.

Џоли се плаши дека во тој случај на венчавката ќе се појави поранешната жена на Бред, Џенифер Анистон, која со неговата мајка е се уште блиска, пишуваат светските списанија.

„Анџелина се вознемири толку многу што почна да плаче. Подоцна Бред се обиде да и објасни дека Анистон нема да се појави на свадбата. Тешко дека на Џоли може да и се објасни дека нема потреба да биде толку љубоморна“, пишува магазинот „Стар“.