Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе на светот и претседател на програмерскиот гигант Микрософт, го одржа своето ветување пред неполни две години и со само 52 години заминува во пензија. Така Гејтс веројатно ќе стане најбогатиот пензионер на светот. Тоа повлекување го повтори и на еден од најголемите и најпознатите светски саеми за електронска технологија Consumer Electronics Show (CES), кој оваа година од 7 до 10 јануари се одржува во Лас Вегас. Во таа прилика Бил Гејтс изјави дека тоа е неговото последно обраќање на CES како главен софтверски проектант. Водството на Микрософт ќе го превземе Стив Балмер, неговиот колега од студентските денови, додека задачите за обликување на програмската опрема ќе ја превземе техничкиот директор Реј Ози. Гејтс после заминувањето во пензија позади себе ќе остави многу вредна оставштина, бидејќи освен тоа што Микрософт како компанија вработува повеќе од 78 илјади високо образовани луѓе и годишно остварува профит од повеќе од 500 милијарди долари, таа компанија нуди и програмска опрема со која се опремени милијарди компјутерски системи. Во едно од своите последни интервјуа кое го даде пред пензионирање, Гејтс зборува за иднината на технологијата. “Во идните неколку години предвидувам дека размената на информациите ќе тече уште подобро и побрзо... Се наоѓаме на прегот од нова дигитална декада во која компјутерот ќе постане составен дел од секојдневниот живот“, рекол Гејтс. |