Yahoo! масовно отпушта работници

Yahoo New York Times и The Wall Street Journal ја објавија вестта за тешкото работење на интернет иконата и масовните откази кои следат, повикувајќи се на извори на компанијата.

Точниот број на отпуштени работници од вкупно 14 илјади сеуште не е познат. Последната одлука наводно ќе биде објавена на 29 јануари за кога е закажан состанокот на извршниот одбор.

Ако Yahoo! отпушти неколку стотина вработени, како што се предвидува, тоа ќе биде најголемото отпуштање на таа компанија од 2001 година.

Состојбата во Yahoo за прв пат е објавена на блогот на Silicon Alley Inside кој се занимава со инвестиции во технологијата и медиумите. Во блогот е наведено дека Yahoo! има листа од 1500 до 2500 вработени кои би можеле да останат без работа. Сепак, новите извештаи говорат дека отказите нема да бидат во толкав број.

Овие случувања во Yahoo! се одразија и на цената на акциите кои на крајот од минатата недела изнесуваа 20.78 долари за акција.