Дрвениот автомобил е дело на Германецот Мајкл Арнд, инаку обожавател на Формула еден, за кое вредниот човек потрошил дури 956 илјади ќибритчиња.
Трошоците за изработка на ова возило (само ќибритчиња и лепило) изнесуваат 4.500 фунти. Формулата во природна големина тој ја составувал во својата кујна.
Прецизниот Арнд дури и го кршел секое врвче од ќибритчињата, така што автомобилот е само во една боја.
Неговото дело може да се расклопи на дури 45 делови со цел автомобилот да го однесе на собирот “градители со ќибритчиња“.