ЈАПОНИЈА:И мобилните почнаа да мирисаат



Јапонците подготвиле мобилна услуга со која, по барање на корисникот, преку мобилен телефон ќе може да се доставува саканиот мирис. Услугата наречена „мобајл фрагранс комјуникејшн“ ја овозможува јапонскиот телекомуникациски оператор „НТТ комјуникејшнс“, а десетдневниот пробен период почнува на 10 април. Како тестери на новата функција биле избрани 20 среќни мажи и жени, кои во пакет добиле мобилни телефони и соодветниот уред, кој во комбинација со мобилната направа, по барање го испорачува саканиот мирис. Но, за да не остане се само на мирисот (Јапонците услугата за испорачување на мирисот ја вовеле уште во 2005 година преку некои домашни кина), ќе се испорачуваат и одредени аудиозаписи и видеозаписи.